Panel Members

Постзаконодавниот надзор (ПЗН) го разгледува спроведувањето на еден закон, односно дали правните одредби од законот се влезени во сила, како и неговото влијание.

Овој курс за Постзаконодавен надзор има за цел да ги поддржи парламентите од ХУГЕН мрежата (Мрежа на Kомисиите за човекови права и родова еднаквост во Западен Балкан) во унапредување на нивните капацитети за контрола и нивното знаење, преку проценување дали законодавството ги постигнало зададените политики и преку давање на препораки за подобрување на самите закони.


Целта на овој модул е парламентарците и парламентарните служби да ги разберат принципите и практиките на ПЗН во различните земји и парламентарни системи, да споделуваат добри практики и да научат од искуството на другите чинители преку:

  • Објаснување на логиката, критериумите и механизмите за (постзаконодавен надзор) во рамките на законодавниот циклус
  • Детектирање на клучните прашања коишто треба да бидат поставени за време на постзаконодавниот надзор
  • Објаснување на начинот на којшто постзаконодавниот надзор може да се искористи за решавање на приоритетните прашања
  • Дефинирање на улогата на различните чинители во постзаконодавниот надзор
  • Разгледување на различните видови пристапи што може да се преземат во врска со постзаконодавниот надзор
  • Опишување на законодавната основа на постзаконодавниот надзор

Овој модул на пратениците и на парламентарните служби ќе им обезбеди практични совети за спроведувањето на постзаконодавниот надзор преку:

  • Обезбедување етапен пристап кон постзаконодавниот надзор
  • Објаснување на активностите што треба да се завршат во фазата на предпланирање
  • Опишување на согледувањата што треба да се земат предвид за време на фазата на планирање
  • Согледување на практичните пристапи во фазата на спроведување
  • Разгледување на различните механизми достапни во последователната фаза
  • Прикажување на практичната примена преку примери.